Женската ракометна репрезентација претрпе нов убедлив пораз во квалификациите за Европското првенство овој пат од Исланд 33-23.
Со поразот на гостувањето кај „рибарите“ пропадна и најмалата шанса за пласман на завршницата од ЕП кое беше голема желба на оваа селекција.
Женскиот ракомет веќе пет години е „заборавен“ во нашата земја што најмногу се одразува на селекцијата која е топовско месо за противниците во квалификациите.
Мх.П.