Натпреварите минатата недела покажаа еден голем јаз помеѓу екипите од горниот и долниот дел на табелата. Ваквиот размер на силите го поставува прашањето околку постоење на лига со десет клубови.

 – Огромниот јаз што го покажа минатото коло, помеѓу одредени екипи ќе даде негативен одговор, но од друга страна пак младите играчи треба да настапуваат и да играат. Во секој счучај е потребно да се направат квалитетни екипи. Дополнителн проблем за нас е тоа што годинава сме “тек“ екипи, ние тренерите ставени сме на мака и за нас е тешко да ја темпираме формата на екипата  – вели Марјан Лазовски стратегот на охридската клупа и помошник на селекторот Јовица Арсиќ.

Но добро е што сме на крајот на првиот дел, па по стартот на супер лигата веројатно нема да има нови откажувања и ќе се запази “возниот“ ред на натпреварите.

М.П.