После неколку дена неизвесност и преговарање, конечно е донесена одлука кој ќе не` забавува на Плоштад за Нова Година. Двоипол часовен концерт ќе одржи популарната битолчанка, Каролина Гочева заедно со гостиварците Ареа. Иако беше „за сигурно“ дека ќе пеат Елена Ристеска и Ламбе Алабакоски, сепак одлучувачка беше цената бидејќи (чудно) Каролина и Ареа беа „поевтини“ (и тоа доста, за околу 1500 евра) од миленичињата на М2 продукција. Цената која ја понудил нивниот менаџер Иво Јанковски не беше прифатлива за Општината.
Прославата ќе започне околу 22:30 часот, а претходно дента се очекува и „пристигнувањето“ на Дедо Мраз во 12 часот кој ќе дели пакетчиња заедно со градоначалникот А. Петрески.
Ни Ламбе, ни Елена …туку Каролина и Ареа
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com