Ништо од најавите на надлежните дека налепниците со ознака „NMK“ од денеска ќе бидат достапни за граѓаните во станиците за технички преглед на возила. Охридњуз денеска беше на терен но, како и бројни граѓани кои ги затекнавме во една од станиците за технички преглед во градот, добивме одговор дека налепници„NMK“ се уште нема.

Ниту вработените во сервисите, ниту полициските службеници задолжени за патни исправи не знаат кога ќе пристигнат налепниците без кои граѓаните кои имаат намера да патуваат во странство после 12 февруари, нема да можат да го направат тоа доколку на регистарските таблички ја немаат ознаката „NMK“.

Оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но иако се знаеше крајниот рок за нејзино исполнување надлежните институции не успеаја на време да изнајдат соодветно решение. Единствено што се знае е дека налепниците „NMK“ ќе бидат бесплатни, ама од нив засега ни абер и глас.

Г.М.