Спортистите во борбата со коронавирусот (ковид -19) треба да бидат пример со дисциплината, слушање и почитување на препораките и мерките од здравствените работници. Но тоа не е случај со ѕвездата од НФЛ лигата Дериус Гуис кој покажа голема не послушност и не одговорност

После првиот позитивен случај на коронавирусот во НФЛ лигата, челниците и клубовите одредија засилени мерки и задолжително седење во карантин за играчите, тренерите и сите вработени. Членот на Вашингтон, Гуис ги прекрши сите правила и во друштво на шест фото модели ужива на јахта.

Америчката јавност го осуди потегот на Гуис. Клубот сеуште се нема огласени, но сигурно младата 22-годишна супер ѕвезда ќе се соочи со големи казни.

Во Европа ваков потег направи фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец не ги испочитува мерките и препораките и без задолжителниот карантин се пресели од Мадрид низ улиците на Белград. Подоцна, неговата девојка Софија Милошевиќ се пофали дека е бремена.

OhridNews