За прв пат во својата 43 годишна историја, а воедно во својот прв настап во големото финале, екипата на Њу Орлеанс Сеинтс станаа светски прваци во американски фудбал.


Во 44тото издание на Супер Болот , “Светците” ја совладаа екипата на Индијанаполис Колтс со 31-17 и стигнаа до долгопосакуваниот Винс Ломбарди трофеј.


За МВП на натпреварот беше прогласен квотербекот на Њу Орлеанс, Дру Брис, кој имаше дури 32 успешни додавања.


Кватербекот на Колтс, Пејтон Менинг,по 4ти пат во кариерата  е прогласен за МВП на сезоната, а беше и МВП на финалето во 2007 кога Колтс беа шампиони.

К.Д.