1 551 гласач повеќе го остварил правото на глас во првиот круг на Локалните избори сега во споредба со 2019 година, а 4 105 помалку во споредба со Локалните избори во 2017 година.

Во Охрид излезноста на локалните избори годинава во првиот круг според податоците на ДИК е 56,54%, односно 29 669 гласачи го оствариле правото на глас, од запишани 52 477 гласачи. На вонредните Локални избори за Градоначалник во 2019 во Охрид гласале 28 118 граѓани или 53.84% од вкупно запишаните избирачи, додека на регуларните Локални избори во Охрид во 2017 година во првиот круг излезноста била 63,90 %, односно гласале 33 774 граѓани, од запишани во избирачкиот список 52 858 гласачи.

Значителна разлика и во однос на добиените гласови на кандидатите од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата годинава во првиот круг освои 12 460 гласа односно 42,05%, додека во 2019 освои 13 037 гласа, односно 46.37%. Во 2017 година во првиот круг кандидатот од СДСМ освоил 18 262 гласа односно 54.07%. Тоа значи дека кандидатот на оваа партија годинава освоил 577 гласа помалку во споредба со изборите во 2019 година, а 5 802 гласа помалку во споредба со освоените гласа на кандидатот во  2017.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, годинава освои 14 380 гласа односно процентуално 48,54%, во споредба со 10 614 гласа (37,75%) во 2019 година и 13 560 гласа односно 40,15% во 2017 година. Ако се спореди бројот на освоени гласови на нивниот кандидат на овие и претходните избори, годинешниот кандидат има освоено најголем број гласови односно 3 766 гласа повеќе од кандидатот во 2019 година, а 820 гласа во споредба со 2017 година.

Споредбено со изминатите години бројот на неважечки ливчиња годинава 1 412, однсно 156 ливчиња повеќе во споредба со 2019, односно 139 во споредба со 2017 година.

Во однос на советничките листи годинава најмногу гласови освои советничката листа на ВМРО ДПМНЕ – 10 693 или процентуално 36,09%, СДСМ и коалицијата освоија 8 731 глас процентуално 29,47%, ДУИ 2 349- 7,93%, Група на избирачи-Димитар Велјаноски (Охрид пред се’)  освоја 1.979 – 6,68%, Левица 1 628 гласа -5,49%, ГИ-Антонио Наумоски (Охрид има план Б) 1 407 гласа-4,75%, ЛДП/ДОМ 631 глас- 2,13%, ГИ-Стевче Стевоски 339 гласови-1,14%, Единствена Македонија 207 гласа – 0,70%, Беса 279 гласови – 0,94% и ТМРО 189 гласа – 0,64%.

Во однос на советничките листи од Локалните избори во 2017 година СДСМ освоија 15 198 гласа односно 45% и 11 советнички места. ВМРО ДПМНЕ на овие избори освои 12 871 глас односно 38,11% и 10 советнички места. ДУИ, БЕСА и А/А освоија 2 643 гласа односно 7,83% и два мандати. Без мандати во советот останаа ГИ-Љупчо Настоски со 1 180 гласа односно 3, 49% и ДПА со 323 гласа односно 0,96%.

Во меѓувреме продолжува предизборната кампања и обидите на двете партии за придобивање на поголема доверба од гласачите кои ќе треба повторно да излезат на гласање на вториот круг од изборите закажани на 31 октомври.

 

Н.С.Ј.