Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во мај 2011 година изнесува 692 924 илјади денари што претставува намалување за 0.6% во однос на мај 2010 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 39.2%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 16.1%.

Зголемување на вредноста на вкупниот откуп и на продажбата е забележено кај житата, индустриските и градинарските растенија, млекото, млечните производи и кожата и волната, додека намалување е забележано кај фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата.