Чешката манекенка Петра Немцова се појавила на филмскиот фестивал во Кан, на премиерата на филмот Џулиет.На црвениот тепих и се случила незгода каква што никој не би посакал, но Петра одлично се снашла.

Додека самоуверено чекорела, и им се смешкала на фотографите, а на обожавателите им испраќала бакнежи, во еден момент изгубила рамнотежа. За се е виновен нејзиниот раскошен фустан кој не и дозволил слобода на движењата, па се сплеткала и паднала. Дел од вината сигурно носат и вртоглавите потпетици.

И додека повеќето би паѓале на смешен начин со гримаса на лицето, 36-годишната Петра тоа го извела сосема поинаку. Не тргајќи ја насмевката, симпатичната Петра успеала до некоја мера да ја задржи рамнотежата, па само потклекнала, а на помош и притрчал припадник од обезбедувањето кој и помогнал повторно да стане на нозе и спречил поголема незгода. Петра набрзина станала и продолжила самоуверено да чекори како ништо да не се случило.