Независните новински агенции во последните неколку години се соочуваат со нелојална конкуренција предизвикана од нерамноправниот однос на државата кон агенциското новинарство, односно финансирањето на државните новински агенции. Ова беше истанато на отворањето на Петтата средба на Асоцијацијата на приватни новински агенции (АПНА), што синоќа започна во Охрид.


Членки на АПНА се 17 приватни новински агенции од  Австрија, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија, Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, Бугарија, Грција и Ерменија. 


Независните новински агенции се клуч на објективното информирање и затоа посебно се цени нивниот професионален пристап кон работата, истакна во поздравното обраќање евроамбасадорот Ерван Фуере. 

Членовите на АПНА со која претседава приватната новинска агенција „Макфакс“ од Скопје,  во работниот дел на средбата ќе разговараат за продлабочување на меѓусебната соработка и за некои проблеми со кои се соочуваат приватните агенции.

Ohridnews