Бројот на пожари во Охридско – струшкиот регион од ден на ден постојано расте. Во главно тие се предизвикани од човечки фактор, а сушата и ветровитото време придонесуваат за нивно брзо ширење. Штетите се огромни.

На 29 март оваа година околу 10 часот, во полициската станица Охрид, 55 годишен жител на Охрид, пријавил пожар на нива во близина на улицата „Гоце Делчев“. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот го предизвикал 35годишно лице од Охрид. Извршувајќи земјоделски работи на нивата, невнимателниот граѓанин фрлил отпушок од цигара. Притоа, опожарени биле неколку соседни ниви и две куќи сопственост на лица кои се на привремена работа во странство. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Исто така вчера околу 14 часот, во месноста „Степаница“ атар на струшкото село Октиси, случен е пожар во кој изгорела поголема површина дабова шума и две куќи на жители на селото.

Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга.

Истиот ден околу 17,00 часот, во селото Ботун-општина Дебарца случен е пожар на отворен простор, во кој, целосно изгореле електричен столб сопственост на „ЕВН“ и други предмети во приватна сопственост. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот бил предизвикан од 55годишен жител на селото Ботун. Тој е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews