Над 300 планинари денеска го искачија врвот Магаро во рамки на планинарската еко-тура што се одржа во организација на аватуристичкиот клуб „Mountain Madness“. Глетка која ретко се гледа на планината.
Галичица денес беше каква што од секогаш сакав да ја гледам. – изјави за OhridNews Мишко Танески од авантуристичкиот Клуб „Mountain Madness“.
Настанот, инаку првично беше закажан за 21 јуни, но беше одложен поради актуелната состојба со Ковид 19 и поклопувањето на уште две акции во истиот термин.
Поради ковидот учеството го откажаа околу 200 планинари од соседните држави, но ние сме презадоволни од посетеноста. – истакна планинарите Жанко З’ш Голабоски, еден од организаторите.
Акцијата започна во 8 часот со сите мерки за заштита. Искачувањето на врвот Магаро траеше околу 6 часа во двата правци. Планинарите уживаа во прекрасните глетки кои ги пружа Галичица.
Се надеваме дека искачувањето на Галичица ќе премине во традиција, што ни беше и првичната замисла. Сите планини во Македонија имаат еден ден во годината кога се организира вакво искачување. В година се надеваме дека ситуацијата ќе биде под контрола и посетеноста ќе биде далеку помасовна. – истакна Танески.
Настанот беше поддржан од Општина Охрид.
OhridNews