Во четврток, 16 јули, Ансамбл „Билјана“ и пријателите ќе  одржат концерт кој е посветен на прерано починатиот член на групата и исклучително талентиран охридски музичар Андреј Лаброски.

Во пресрет на концертот, кој ќе се емитува во живо на OhridNews и социјалните мрежи, членовите на „Билјана“ во кратко видео низ анегдоти се потсетија на Андреј и ги повикаа охриѓани да го проследат настанот.

Концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“ на 16 јули, кој ќе се одржи на плажата Сараиште, ќе може да се проследи и во живо, со пловен објект од вода и со почитување на мерките на заштита.

Почитувани доколку имате можност можете да присуствувате на настанот со пловен објект. Концерот ќе се одржи во близина на плажата Сараиште односно во дворот на вила „Луција“. Но, ве молиме да дојдете точно на време со цел да не се прави бучава во тек на концертот. Исто така ве молиме да носите заштитна опрема и да одржувате растојание според препораките на министерството за здравство. – порачаа членовите на Ансамбл „Билјана“, кои секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат почит на нивниот колега и голем другар Андреј кој прерано го напушти овој свет.

Концерот почнува во 18 часот.

OhridNews