Знаменосецот Марко Блажевски го заврши настапот на Олимписките игри во Лондон. Блажевски кој настапи на трката 400 метри мешано патеката ја исплива за 4.32.38, што е за три секунди послабо од неговото најдобро време сезонава.

Тој не успеа во својата намера да го сруши 14 години стариот рекорд на Александар Маленко кој изнесува 4.27.80.

По настапот на Блажевски, наредна која ќе настапи на игрите е Симона Маринова на трката 800 метри слободно на 2 август.