„NOA Lounge Bar“ во соработка со „Management & Booking Agency: Nazad na Vrh Management“, оваа сабота ексклузивно го најавуваат гостувањето на бендот “NEXT TO SILENCE“.
“NEXT TO SILENCE“ бендот во 2009та произлезе од радио емисија некогаш емитувана на македонското радио Jazz FM, денес ја илустрира музиката како‘…the most beautiful sound next to silence’.
„Неповторливо искуство и задоволство на другата страна од тишината. Не чекајте да Ви раскажуваат. Бидете во NOA!“ – порачуваат од популарниот лоунџ бар.
Концертот ќе се одржи на 12ти ноември, сабота, со почеток во 22ч.
Повеќе информации и резервации на следниот ЛИНК.
OhridNews