Охридското студио за танци Соната започна нов проект, во рамки на кој преку видеа членовите го раскажуваат нивното секојдневие.
- Секој во себе крие креативност. Треба само да се разбуди. „New Wave“ е само будење на на креативноста кај нашите членови. Избрани од нив добиваат задача да формираат тим, да потрошат десет часа од нивното слободно време и да се искажат себеси преку кореографија, велат од Соната.
Првото видео во рамки на проектот е во кореографија на Михаил Талев. Неговиот тим е во состав Анамарија Влаоска, Емилија Андонова, Климентина Гилевска, Михаил Талев, Олгица Симеонова и Сара Коваческа.
Тие заедно на музиката на Flora Cash-You are somebody else, раскажуваат за приказната која сакаат секој од нас да ја почувствува и протолкува на свој начин. Раскажуваат за љубовта-онака како што ја чувствуваат, како што ја доживуваат.
Видеото стана реалност благодарение на соработката со НУЦК „Григор Прличев“, Борче Велјаноски-Бикче, Борче Димоски, Горан Симоноски, Тони Трифуноски.
OhridNews