Бурата Херварт, проследена од силен ветер и поројни дождови, од рано изутринава погоди делови на северна Германија и Чешка, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и проблеми во сообраќајот. Едно лице е потешко повредено во германскиот главен град Берлин, кога налетот на силниот ветер го оттурнал од градежно скеле.
Низ градот се регистирани повеќе случаи на откорнати делови од покриви и дрва, а противпожарната служба соопшти дека утрово меѓу 4 и 7 часот имала над 100 повици за интервенции.
Поради невремето, властите на Берлин утрово прогласија вонредна состојба во градот, со цел да се олесни справувањето со последиците од ударот на Херварт.
Урнати дрва и столбови предизвика прекин во железничкиот сообраќај не некои пруги во северните и централните делови на Германија, а застои во соображајот има и на повеќе патни правци во шест германски покраини, вклучителчно и во реоните на Берлин и Хамбург.
OhridNews