Нестабилното време и големите врнежи на дожд и снег во Австрија го одложија возвратниот натпревар помеѓу Салзбург – Ајнтрахт Франкфурт во 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Службите на УЕФА, заедно со претставниците од клубовите одлучија да го одложат натпреварот и да го презакажат за утре во 21 часот.

Оваа одлука мораше да се донесе на кризен состанок, на кој учествуваа претставници на клубовите и УЕФА, заедно со локалните власти и полицијата во Салцбург. Сигурното доаѓање и заминување не е загарантирано, ниту за гледачите, ниту за луѓето кои ќе беа актери на мечот, или, пак организатори на овој натпревар. Новиот термин ќе биде одреден во најкраток рок. – се вели во соопштението од УЕФА.

Во првиот натпревар германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт со 4-1 го совлада австрискиот клуб Салзбург.

OhridNews