Краткотрајно невреме проследени со врнежи од дожд и град на места, попладнево го зафати Охридскиот регион.

За кус период низ граддките улици се слеа голема количина воден талог кој не можеше да биде апсорбиран од канализациониот систем. Водата се прелeваше од шахтите низ улиците по кои течеа реки.

Граѓаните апелираат надлежните служби да извршат итно вонредно миење на улиците за да се спречат евентуални несакани последици од мешањето на атмосферската со фекалната вода и високите температури.

OhridNews