Најмалку 45 лица се водат за исчезнати во силните врнежи од дожд што ги зафатија западните средишните делови на Јапонија во кои официјално смртно настрадале 11 лица, а 1,6 милиони луѓе се приморани да се евакуираат, пренесуваат светските агенции.

Јапонската национална метеоролошка агенција издава вонредна прогноза за обилни врнежи од дожд и клизишта. Допонителен проблем претставува силниот ветер, како и надојдените реки чиј водостој постојано се зголемува.

OhridNews