Невремето кое вечерва го зафати Скопје предизвика штети во повеќе населби, информира Центарот за управување со кризи- ЦУК.
На бројот 112 во оперативниот центар на ЦУК стигнале околу 70 пријави, претежно за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици.
Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица, соопшти ЦУК.
Невреме денеска го зафати и тетовскиот регион каде имаше интензивни врнежи од дожд и град кои предизвикаа поплави.
OhridNews
Фото: ЦУК