Невработеноста меѓу младите во светот се доближува до рекордното ниво поради светската економска криза и малку е веројатно дека ќе се намали пред 2016 година, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Во оваа година се проценува дека без работа се речиси 75 милиони млади лица во светот на возраст од 15 до 24 години, или 12,7 отсто.

Со тоа невработеноста кај младите се доближува до рекордните 75,4 милиони, колку што изнесуваше во 2009 година, кога финансиската криза предизвика скок на невработеноста.

„Се предвидува дека стапката на невработеност кај младите ќе остане на високо ниво до 2016 година“, се вели во соопштението на ИЛО.

OhridNews
Извор:Макфакс