Истражување спроведено на Империјал колеџот во лондон открило повеќе знаци на стрес на ДНК кај невработените лица, што е еден од показателите за стареење, односно скратување на теломерите. Теломерите се структура на ДНК сместени на краевите на хромозомите, а нивното скратување е поврзано и со поголемиот ризик за болести кои се почести во поддминати години.
Стручното списание “Plos One” додава дека претходни студии веќе откриле врска помеѓу скратувањето на теломерите и преголемите обврски на работното место, посебно кај лицата кои работат на повеќе работни места. Истражувачите тоа го објаснуваат со делувањето на стресот, независно од тоа дали станува збор за невработени или лица кои премногу работат. Новите наоди се засноваат на податоци собрани од околу 5600 испитаници родени 1966 година, при што скратувањето на телометрите било највоочливо кај испитаниците кои подолго време биле невработени.