Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување општина Охрид, согласно годишната програма на одделението за локален економски развој за 2015 година распиша конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за 20 невработените лица од следниве стручни профили: готвачи, шивачи, заварувачи и машинисти -фини подесувачи на машини. Со курсевите ќе бидат опфатени по 5 лица од секоја од наведените стручни профили.
Право на пријавување за овие курсеви имаат лица кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување кои активно бараат работа.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна до 13-ти септември 2015 година на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за стручни обуки, како и обуки за преквалификација и доквалификација за невработени лица од Општина Охрид“ или во Архивата на општина Охрид.
Дополнителни детали за објавениот конкурс може да се најдат на веб-страницата на општина Охрид.
OhridNews