Работниците во Нов Зеланд кои со најновите последици од рецесијата останале без работа, ќе можат да се обидат да тестираат презервативи за компанијата Дурекс.


Давид Рае, еден од челниците на Дурекс за Нов Зеланд, кој објавил оглас за 100 луѓе кои би ги тестирале нивните производи, вели дека работата нуди и многу забава.

„Важно е редовно да добиваме повратни информации со кои би можеле да продолжиме да ги усовршуваме производите за што подобра безбедност во сексот и зголемено уживање“ – рекол Рае.