Невработениот дрвосечач кој има 32 години, и е татко на пет деца, Рики Мјуир, кој нема ниту одело, станал член на парламентот во Австралија, иако освоил помалку од еден процент од гласовите. Мјуир, како еден од вкупно 76 пратеници, ќе претставува 5,6 милиони жители на австралиската држава Викторија. Тој никогаш не живеел 30 километри подалеку од родното село, и изјавил дека како избирач отсекогаш сакал да биде избран некој обичен австралиец, а токму тоа го претставувал самиот тој.
Лидер бил на партијата на австралиски љубители на автомобили, а во парламентот влегол благодарение на сојузот со неколку помали партии. За основање партија и кандидирање во Австралија се потребни само 500 потписи и 2730 американски долари. Приоритетот на неговата партија е безбедноста на патиштата. Кога биле распишани изборите имал само 5000 следбеници на фејсбук, кои му донирале 5500 долари за предизборната кампања. Тој ќе биде еден од шесте членови на Сенатот од Викторија. По истекот на шестгодишниот мандат ќе добие доживотна пензија.