Како што рече, маестро Симеонов, преплетувањето на двата музички жанра е невообичаено. Тој објасни, дека еден дел од она што ќе се случува вечерва во Охрид бил отсвиран во Битола, а оркестарот и солистите предизвикале аплауз и овации.
” Тенденцијата на спој на класиката и етно-џезот почнува од Македонија и ова е смел чекор”, изјави Теодосиј Спасов, едне од водечките уметници во Бугарија. Тој додаде дека и досега имало обиди да се направи фузија на музичките жанрови, но за жал, неуспешна, поради не професионалноста и непознавањето на музиката.
“Ова е историски ден за мене зашто првпат настапувам со симфониски оркестар”, не го скри задоволството и најпознатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски.
Покрај Спасов на кавал и Стефановски на гитара, на вечерашниот концерт како солисти ќе настапат и флејтистите Ива Љубомирова и Страшо Темков.
На репертоарот се дела од Вивалди, Бизе, Прокопиев и Спасов.
Во рамките на фестивалот ” Охридско лето” вечерва од 20 часот во катедралната црква ” Света Софија ” ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот по пијано во класата на професорот Борис Романов.