Единаесет невладини организации од Охрид и Струга упатиле заедничко писмо до премиерот Никола Груевски во кое се бара запирање на постапката за издавање на Охридското Езеро под концесија.

Тие предлагаат да се формирта меѓудржавно претпријатие за стопанисување со рибниот фонд како една од мерките за поефикасна контрола и заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро.