Младински Совет-Охрид и Сојуз на жени Езерка-Струга, започнаа со реализација на проектот:,,Трговија со луѓе-информација, едукација, превенција,,.

Проектот ќе се реализира на територијата на општините Охрид и Струга, и има за цел да се добијат што е можно повеќе информации за состојбата со трговијата со луѓе во регионот Охрид-Струга, за активностите и постигнувањата на државните институции и невладините организации во оваа област, а исто така целта на проектот е и едукација на младите врз база на добиените информации.

Во рамките на проектот денеска во Охрид ќе се одржи првиот од двата предвидени  еднодневни семинари со претставници на државни институции. 

На крајот на проектот е предвидено одржување на завршна конференција на која ќе се презентираат резултатите од реализираните активности.

ohridnews