Друштвото за заштита на животни бара од Европската унија донесување на закони со кој животните би се заштитиле од суровите услови за живот во зоолошките градини. ENDCAP е невладина организација која се бори против условите за живот на животните во заробеништво во европските земји.
Организацијата својот план го предала на Европскиот парламент. Ако биде усвоен, ќе бидат затворени сите зоолошки градини кои се наоѓаат во земјите членки на ЕУ, а животните ќе бидат ослободени од заробеништво.