Здружението на граѓани “Христо Узунов“ – Охрид  ја поздравува и поддржува инцијативата за изградба на споменик на Св. Наум Охридски Чудотворец во центарот на Охрид, која беше поднесена до Министерството за култура од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски и Цветко Грозданов.   

– Убедени сме дека на овој начин градот Охрид и Република Македонија достојно ќе му се оддолжат на големиот учител, основополжник на словенската и македонската писменост, големиот црковен деец и просветител Свети Наум Охридски Чудотворец. Се надеваме дека оваа благородна идеја ќе биде реализирана многу брзо, со што градот Охрид ќе ја зголеми својата културна понуда, велат од здружението. 

Здружението на граѓани “Христо Узунов“ – Охрид  е невладина
организација чија што основна задача е грижа за зачувување на
богатата македонска култура и традиција.

Ohridnews