„Проектот за Скопје 2014 година и неговиот лик не е само нечија визуелизација, тоа е крикот на македонецот кој заспан во нас тлеел толку време. Сега е воскреснувањето на нашата урната историја со која ќе си ја изградиме нашата подобра иднина. Народ без историја, неможе да има иднина! Тоа добро го знае Македонската влада и поради тоа ги насочува своите сили да им овоможи на уметничките и историските дејци да ја реализираат мисијата за наше вистинско претставување пред Светот. Наспроти ова уште еднаш жестоко се спротивставија опозиционерските партии, квази невладини здруженија кои иницирани баш за ваква намена го плукаат сето она што историјата како аманет ни го оставила. Да излезиш и да протестираш против својата историја и против хероите и дејците кои била заслужни за оваа наша држава, тоа е исто како да излегуваш јавно пред македонскиот народ и се изјаснуваш како предавник на својот народ“, се вели во соопштението.
Невладината организација „Христо Узунов“ упати апел да престане попречувањето на реализиацијата на проектот „Скопје 2014“ и го запраша лидерот на опозициската СДСМ , што тој направил и изградил за време на неговото владеење.