Сара Вотсон, 22-годишна студентка по уметност ја обоила својата шкода да биде невидлива. Ова необично уметничко дело остава впечаток како да може да се гледа низ него. На овој проект работела цели три недели.


Луѓето застанувале да го видат нејзиното дело. Во почетокот не им било јасно за што се работи и скоро се залетувале во автомобилот. Вели дека го постигнала саканиот ефект. Човекот кој и ја подарил шкодата вели дека кога ги видел фотографиите мислел дека се изработени на компјутер, а кога се уверил не можел да им поверува на своите очи.