Кинескињата Ванг Гинг (107), која како млада многу се плашела да се омажи, конечно се охрабрила и одлучила да побара сопруг.
Ванг Гинг заклучила дека е вистинско време за мажење од страв дека роднините се веќе престари за да се грижат за неа. Најмладиот има 60 години. Ги испратила да и најдат партнер, но не помлад од 100 години, така што ќе имаат заеднички теми за разговор.
-Се сеќавам дека тетка ми често плачеше бидејќи мажот и ја тепаше, поради што бев згрозена од помислата на брак – рекла старицата.
Иако нејзиниот помлад брат имал среќен брак, таа и понатака се плашела. По смртта на нејзиниот татко, мајка и и постарите сестри отишла на село и се занимавала со земјоделство. На 74-годишна возраст се преселила со роднините во градот. Кога ја скршила ногата на 102 години не можела повеќе да ги извршува своите домашни обврски и посакала да најде некој со кој ќе може да разговара. Сега се плаши што ќе се случи ако не најде. Локалните власти предложиле да се бараат потенцијални младоженци во домовите за стари лица.