Британката Џени Баклеф сакала нешто сосема поинакво за својата свадба. Минатата сабота оваа 58-годишна невеста стигнала на венчавката во затворен, црн ковчег кој го влечел пријател на мотор. За среќа, Џени, која долго работела во погребно претпријатие, на време го известила младоженецот за својата замисла.
Таа раскажала дека бил малку шокиран кога му ја соопштила својата намера, но не се противел. Нивните кумови, меѓутоа, не знаеле ништо за тоа. Гостите биле повќе од изненадени која се појавила во мртовечкиот сандак. Нејзината ќерка изјавила дека било по малку бизарно, но дека нејзината мајка и така „никогаш не била нормална“.