Невеста во Бристол на венчавката ја довела полиција, но причината не е нејзината неодлучност, туку расипување на автомобилот.
Невестата Луис Стјуарт (28), со својот татко во венчаница патувала на свадбата, кога на автопатот во близина на Бристол им се расипал автомобилот.
Не и преостанало ништо друго освен да излезе и да почне да стопира. Со својата облека само ги збунувала возачите, а не помогнало ниту тоа што со неа бил и татко и, исто така облечен свечено.
Сепак имала среќа, бидејќи по 20-тина минути чекање, случајно нашла двајца полицајци во службено возило, кои се погрижиле и невестата и таткото брзо да стигнат во црквата, каде што ги чекале сватовите.
Невестата и се заблагодарила на полицијата, бидејќи таа веќе ја имала изгубено надежта дека ќе стигне на време.