Невестата и учителката Лио Јингчао од Кина морала баш на денот на својата венчавка да оди на испит кој го организирал учителското собание на градот Зенгзоа. Нејзиниот вереник Чу Моајанг и Лио одамна го имале забележано овој термин,не знаејќи дека паѓа баш на денот кога е и испитот.


Одлучиле да продолжат со венчавката според планот, но церемонијата ја преселиле во училиштето во кое таа работи веднаш откако завршил испитот. По двочасовниот испит, одржале кратка церемонија во училиштето, после која примиле честитки од гостите и останатите кои го полагале испитот.