Прекрасните цртежи насликани од страна на Самуел Силва се прави ремек дела. 

Португалскиот адвокат ја гледа својата страст за цртањето како хоби, а на секое од овие уметнички дела работел повеќе од 45 часа. За сликање на истите употребувал многу тенки хемиски пенкал во различни бои со кои успеал да направи илузија на длабочина и облик.

Благодарение на неговата техника и талент, неговите цртежи тешко можат да се разликуваат од вистински фотографии.