Редок феномен беше уловен на видео над небото на Шкотска во кое се гледа како поларната светлина танцува со редок вид на облаци кои се создадени поради рефлекцијата на сончевите зраци од кристалите од мраз. Овие облаци се највисоките во земјината атмосфера и нормално се премногу бледи за да можат да бидат видени.
Невообичаено е да се види еден од овие феномени, а двата заедно e настан кој не смее да се пропушти.