Многу се зборува за загадувањето на воздухот и како тој може да му наштети на нашето здравје, особено ако вежбате на отворено и длабоко вдишете нечисти честички. Се чини дека маслиновото масло може да ги неутрализира некои од кардиоваскуларните оштетувања кои можат да настанат за време на изложеноста на загадено.
Тоа го открива истражување претставено на конференцијата на American Thoracic Society.
Истражувачите побарале од 42 возрасни особи да консумираат три милилитри маслиново масло дневно, три милилитри рибино масло или обично масло во период од четири недели. Потоа испитаниците ги изложиле на филтриран воздух, а потоа и на загадено во контролирани услови во комори.
Откриле дека кај испитаниците после вдишувањето на загаден воздух, а кои земале рибино или обично масло, значително е намален протокот на крв. Кај учесниците во истражувањето кои консумирале маслиново масло не е забележано значително смалување. Научниците исто така откриле дека протеинот кој помага да се прекине згрутчувањето на крвта е зголемен кај групата која користела маслиново масло. Ефектот траел околу 20 часа после изложувањето.
извор:magazin.net.hr