Паузата во националните шампионати и играњето без публика ќе ги чини околу 4 милијарди евра клубовите од највалитетните првенства во Европа. Во истражувањето на Асоцијацијата на европските клубови стои дека клубовите со загуба ќе се соочат и следната, иако сезоната се одигра без пауза и со публика на стадионите.
Финансиската последица од коронавирусот колку што можеже сега да забележиме е вистински шок, без разлика што дел од првенствата продолжија. Мора да преземем конкретни чекори за да креираме долгорочно финансиско решение. – изјави директорот на Асоцијацијата, Чарли Маршал.
Најмногу на удар се најдоа малите клубови, кои не заработуваат премногу од телевизиски права, туку преживуваат со продавањето на билети за домашните натпревари.
Вирусот Ковид -19 на средината од март месец го стопираше спортот на глобално ниво. Во дел од спортовите натпреварувачкиот ритам продолжи, но далеку е од тоа што беше пред пандемијата.
OhridNews