Фернандо Торес после завршувањето на фудбалска кариера одлучи да остане во спортот и да се посвети на фитнес тренинзите и боди билдингот. Шпанецот кој долги години беше помеѓу најдобрите напаѓачи направи неверојатна трансформација и треба да пример за многу луѓе кои спортуваат или сакаат да спортуваат.
Торес во клупската кариера играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челси и Милан, а кариерата ја заврши во Саган Тосу, Јапонија во 2019 година. Сепак, најголемиот успех на популарниот „Ел Њињо“ е погодокот во финалето на Европското првенство 2008 година кога Шпанија со 1-0 ја совлада Германија и го освои трофејот.
OhridNews