Судската постапка за утврдување на алиментација за две близначки имала сосема неочекуван исход, резултатите од ДНК тестот покажале дека тужениот американец е татко на само едно од девојчињата. Сдијата во вишиот суд во Њу Џерси изјавил дека близначките, родени во јануари 2013 година, се зачнати од двајца различни мажи. Американските медиуми потсетуваат дека станува збор за редок случај, но кој не е без преседан. Имено, во американската судска пракса ова е трет ваков случај. Мајката на девојчињата, позната под иницијалоте Т. М. барала алиментација од тужениот, кој го означила како татко на своите деца.

 

Човекот го оспорувач татковството, тврдејќи дека жената за време на нивната заедничка врска имала сексуални односи и со друг маж. Судот врз основа на резултатите од ДНК тестовите пресудил дека мајката може да бара алиментација за само едно од децата, и тоа во износ од 28 долари неделно. Иако ретко, се случува жена да роди близнаци од различни татковци. Тоа е можно кога во периодот на овулацијата има односи со двајца мажи. Жената на суд признала дека во период од една седмица спиела со двајца мажи, од кои секој оплодил по една јајна ќелија.