Со желба да покаже колку се кае што го изневерила своето момче, една млада Американка одлучила да настапи јавно. Стоела цела седмица на паркингот на супермаркет во Сендаски, Охајо со натпис “Лажев, засвири ако мислиш дека заслужувам уште една шанса”. На крајот од натписот додала и дека искрено го сака.
Таа се одлучила на овој потег кога момчето и побарало да му го врати вереничкиот прстен откако дознал дека го изневерила во текот на летото. Сеуште останува нејасно дали нејзиното момче го видело натписот, а многу од минувачите кои го виделе и посакале среќа.