Двајца затвореници од Нов Зеланд се обиделе да побегнат, но на патот до слободата ги попречила сопствената неспособност.
Реган Рети (20) и Тиранара Вајт (21) се доведени на суд поради обвиненијата за Рети за насилство и за Тиранара за кражба на автомобил.
Во судската зграда почнале да бегаат, но се сопнале, па чуварот ги испрскал со солзавец. Но, тоа не ги спречило, па истрчале од зградата кон паркингот, каде со рацете врзани со лисици запнале за метална шипка и се судриле.
Додека зашеметени лежеле на подот, полицајците дошле и повторно ги привеле во затвор.