Авантуристот Јонатан Трапе испириран од филмот “Up” пробал да го прелета Атлантскиот Океан со помош на 365 балони исполнети со хелиум.


Триесет и девет годишниот компјутерски техничар пред два дена го започнал своето патување во Рејлајт, Северна Каролина, а неговата крајна дестинација била Париз од другата страна на Атлантикот.

Иако со балони веќе ги прелетал Алпите и Англискиот канал тој не успеал да ја заврши оваа нова авантура поради лошите временски услови. Откако ветрот го однел на север тој направил принудно слетување во Канада по 13 часовен лет.

Од 1970 година па до денес, пет луѓе ги загубиле своите животи пробувајќи да го преминат Атлантикот Океан со помош на балони.