Охридскиот атлетичар, Славчо Мирчевски немаше успешен настап на Балканското првенство во Истанбул, Турција. Тој во дисциплината скок во далечина направи три престапи, по што следува дисквалификување од понамошните натпревари.

Покрај охридскиот атлетичар боите на македонската репрезентација ги бранеа уште 60м Валбона Селими, 8,20 сек, 13 место, 400м Дрита Ислами, 59,91 сек, 5 место (902 бода), 60м Ристе Пандев 7,05 сек, 7 место, 400 м Кристиан Ефремов 50,45 сек, 9 место, 800м Александар Стојановски повреден, Височина Јованче Јанковски 200см, 9 место, Далечина Славчо Мирчевски, три фаули.

Атлетската федерација на Македонија треба да го одреди единствениот натпреварувач, кој ќе ја преставува земјата на Светското првенство во сала кое ќе се одржи во Сопот, Полска.

Мх.П.