Нема ништо да биде исто во македонската ракометна репрезентација по завршувањето на квалификацискиот циклус за Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Од репрезентацијата по вечерашниот меч со Чиле ќе се збогува Наумче Мојсовски, а исто така повлекување најави и Филип Миркуловски.
За разлика од „Мојсо“, популарниот „жути“ ќе се повлече по бараж двомечот со Чешка за пласман на следниот Мундијал.
Македонската ракометна репрезентација ќе сврти нов лист бидејќи ќе има и нов селектор кој ќе го наследи хрватскиот стручњак Ивица Обрван.
Квалификациите во Гдањск требаше да бидат круна на кариерите на постарите репрезентативци, но испадна спротивното и сигурно ќе остави трајни лузни во македонската ракометна историја.
Мх.П.