Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Р.М. повикувајќи се на  податоците на Народната Банка, информира дека за првите 6 месеци од 2009 година девизниот нето приход од странски туристи  (разликата меѓу девизниот прилив и одлив од туризмот во Р.М) е зголемен за 15 милиони американски долари во споредба со истиот период од минатата година.

Претседателот на Агенцијата за промоција на туризмот, Зоран Стрезовски  го придружува заменик-министерот за економија Методиј Хаџи – Васков на Генералното собрание на Светската Туристичка организација што од денеска до 7-ми октомври се одржува во Астена во Казахстан. На 18-тата сесија на Генералното Собрание ќе се избира нов претседател и потпретседатели на Светската туристичка организација и членови на Извршниот совет. Генералната дебата ќе биде на тема: Патеки на опоравување – одржливоста на туризмот и новите предизвици.

Ohridnews