Просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во декември изнесувала 20.483 денари и е за 18 отсто поголема во споредба со истиот месец во 2008 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквиот пораст се должи, на зголемувањето на нето-платата на вработените во секторите сообраќај, складирање и врски, здравство и социјална работа и на активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности.

Просечната месечна исплатена бруто-плата на вработен во декември  изнесувала 30.611 денари и е поголема за 8,1 отсто споредено со декември 2008 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2,9 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, што е за 4,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Ohridnews